На 15.03.2024 во 10.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени 37 пакувања хероин и марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со хероин, марихуана, четири дигитални ваги и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Во консултација со јавен обвинител против лицето е поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е определен притвор.
Related Posts
Спасовски оствари средби со раководството на Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ во Лион
Денеска (16.09.2022) делегација на МВР предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во рамки на официјалната посета на Генералниот…
Апел до жители од неколку села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско
Поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско, упатен е апел, жители од неколку села да ги напуштат живеалиштата. Вакво…
(ВИДЕО) Уште еден демонстрант упадна во вестите на Бугарската Нова ТВ, еве што им порача …
Нов упад во вестите на бугарската Нова ТВ. И овај упад е за време на протестите кои се одржуваа во…