Претрес кај осум лица од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, пронајдена импровизирана мала лабораторија за произодство на марихуана и ловна пушка

На 10.02.2023 година, на подрачјето на СВР Охрид, по претходна судска наредба извршени се претреси кај осум лица (по два во Охрид, Струга, Кичево и Дебар), во кои се опфатени 10 куќи и помошни простории и две патнички возила.
Притоа, во селото Белчишта, општина Дебарца, пронајдена е импровизирана мала лабораторија за произодство на марихуана, сопственост на 50 годишен жител од истото село, во која се пронајдени четири растенија канабис, кеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Лицето е лишено од слобода.
При претрес во домот на 33 годишен жител од струшкото село Октиси пронајдена и одземена е марихуана. Тој е приведен и лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Од полициски службеници на ОВР Струга, лишен од слобода е 35 годишен жител од Охрид. При претрес извршен со судска наредба, во неговата викенд куќа во струшкото село Лабуништа, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ловна пушка марка „Црвена застава“, што нелегално ја поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

извор: СВР Охрид