Претседателката не го потпишала законот со кој се предвидуваа двојазични лиценци во градинките

Информација дека шефицата на државата не ставила параф на закоконските измени ја обелоденија од опозициската СДСМ, од каде го поздравија ваквиот потег. Дека Сиљановска не ставила потпис на Законот за Канал 5 потврдија и извори од претседателскиот кабинет, без детали што стои во образложението од претседателката зошто не го потпишала законското решение, кое веќе е доставено до собраниските служби.

Токму воведувањето на двојазични лиценци во градинките беше најспорната одредба од ваквите законски измени, за што уште пред изгласувањето на Законот во неколку наврати регираа од опозицијата, од каде посочуваа дека со вакавата одредба се крши унитарноста на државата поради што истата се воведува врз основа на неуставен закон за двојазичност.

– Членовите 9 и 10 од предлог Законот за измена којшто го предложи Владата значи воведување двојазични лиценци од областа на детската заштита. Спорно е што овој сегмент е регулиран со друг закон кој ја уредува употребата на јазиците, но и Уставот на државата, тврдеа од СДСМ

За СДСМ спорни се и одредбите за воведување можност за полагање во хартиена форма наместо во дигитална, што според нив отвора можности за злоупотреби, партизација и сомнителни доделувања на лиценци по партиски клуч, а спорна е и процедурата во која измените беа донесени..

Од СДСМ обвинуваат дека Деловникот бил прекршен од собранискиот спикер, кој ја заобиколил надлежната Комисија за социјална политика како матично тело и измените биле протуркани преку Комисијата за енергетика. Опозициската СДСМ бара Власта целосно да се откаже од законските измени и да го повлече Законот поради спорните одредби. Од Владата за Канал 5 најавувуваат дека Законот за заштита на децата ќе биде доработен и дека истиот повторно ќе се најде пред пратениците согласно законодавните процедури, но немат коменатр за одлуката на Сиљановска да стави вето – прв пат по нејзиното доаѓање на функцијата.

 

Извор: Канал 5