На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова
Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на држави, премиери и државни делегации се одвиваа бројни црковни церемонии.
Изразувајќи длабока жалост и искрено сочувство за неговата смрт, претседателката Сиљановска-Давкова, во телеграмата до Ватикан ја потенцираше неговата импресивна и инспиративна личност како совршена хармонија на зборовите и делата. Таа, уште еднаш му оддаде заслужено признание за огромното влијание што го имаше како заколнат миротворец, хуманист и народен трибун, застапник на меѓурелигискиот дијалог и помирувањето.
Во возвишен амбиент и света миса, водена од кардиналот Џовани Батиста Ре огромниот број присутни со аплаузи и солзи го испраќаа саканиот папа во базиликата Санта Марија Маџоре, неговиот вечен дом!
4news.mk