Претседателскиот кандидат во Еквадор убиен за време на митинг

Претседателскиот кандидат на Еквадор Фернандо Вилависенсио бил убиен во средата вечерта на крајот од предизборниот митинг во Кито, објави шефот на државата Гиљермо Ласо.

Вилависенсио беше еден од осумте кандидати на претседателските избори закажани за 20 август.

Според последните анкети, Вилависенсио на изборите би имал поддршка од 13 отсто од гласачите и би бил на второто место, по кандидатката Луиза Гонзалес.

Во Еквадор е прогласена вонредна состојба, а одлучено е изборите да се одржат според планираното и покрај убиството на претседателскиот кандидат, пишува агенцијата Франс прес.

Еквадор во последниве години се соочува со бран насилства поврзани со трговија со дрога, потсетува АФП.

извор: slobodnaevropa.mk