На 08.12.2024 во 12.20 часот во атар на село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода М.О.(69) и Ш.Ј.(45), двајцата од село Бучим. Тие биле затекнати при вршење бесправна сеча на дрва, кои ги товарале во трактор со приколка. Од вработени во Шумска полиција Радовиш тракторот и приколката биле одземени, а при лишувањето, Ш.Ј. агресивно се однесувал кон полициските службеници. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Приведени дрвокрадци во радовишко, следува соодветна пријава
