На 04.03.2022 околу 20 часот на регионален пат од брана Мантово кон крстосница за Неготино, поточно во близина на место викано „20-ти километар“ полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Е.Г. (33) од село Бучим, радовишко, О.Х. (34) од Кочани и Б.Ј. (38) од Конче, поради сомнение дека организирале превоз на мигранти од Сирија и други земји. Лицата биле однесени во Полициската станица Радовиш, а возилата „фолксваген туарег“ со радовишки регистерски ознаки, сопственост на Е.Г. и „форд мондео“ со кочански регистерски ознаки, сопственост на О.Х. биле одземени. Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл. 418-б од КЗ.
Related Posts
Исчезнат е Косто Граоркоски во реонот на Долно Нерези
Исчезнат е Косто Граоркоски во реонот на Долно Нерези, Карпош 4, Влае и Тафталиџе. Излезен е од дома околу 17:30…
Пет лица се повредени во сообраќајката синоќа кај oпштина Чашка
Во 19:15 часот во СВР Велес била пријавена сообраќајка, која синоќа се случи кај село Мартолци во Општина Чашка. Во…
По упатени закани по телефон, скопјанец нападнат од 3 лица во подземна гаража во населба Карпош
Скопјанец добил закани по телефон на полноќ, а потоа три лица се обиделе да го нападнат во подземна гаража во…