Приведени криумчари на мигранти, во две возила имало 18 лица

Полицијата вчера околу 20 часот во близина на локалниот пат село Стојаково – Богданциго го лишила од слобода Џ.А., 27-годишен жител од село Црнилиште, општина Долнени, кој превезувал мигранти.

Бил приведен од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ кои откриле мигранти во возило „пежо 407“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал.

-Околу 19.30 часот полициските службеници забележале како од неговото возило и од возило „опел вектра“ со бугарски национални ознаки излегуваат вкупно 18 мигранти – четворица од Пакистан и 14 од Сирија. По преземени мерки, мигрантите и возилата биле обезбедени, а возачите почнале да бегаат, но набргу потоа, Џ.А. бил пронајден и лишен од слобода, информира МВР во дневниот билтен.

Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, а во координација со Јавен обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Фото архива:

Border Report