Приведени пет лица во Прилепско за бесправна сеча на огревно дрво

На ден 03.11.2022 година, на место викано Беловодица- Прилепско, полициски службеници од СВР Битола-ПСОН Прилеп лишиле од слобода пет лица од кои највозрасните биле на возраст од 23 години, сите од Прилеп, поради основан сомнеж за бесправна сеча на огревно дрво.
При спроведување на акцијата, биле одземени пет возила и поголема количина на бесправно посечена дрвна маса, а по документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
JП национални шуми