Приведени ќерката и сопругата на сопственикот на „Пулс“

Приведени се и сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, тврдат извори на Република. СПоред информациите до кои дојдовме, при синоќешното приведување одземени се пет телефони, а ќерката и сопругата сѐ уште се наоѓаат во полиција.

Неофицијално, фалсификуваната лиценца за работа на дискотеката која што е издадена во времето на министерот за економија Крешник Бектеши, ја земала ќерката на Јованов.

Полицијата утрово врши претреси во другиот објект сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“ и влезе за претрес во службените простории на Државен пазарен инспекторат во Кочани.

 

Извор: РЕПУБЛИКА