Полицијата продолжува да ги расчистува инцидентите за време и по прославата на денот на албанското знаме. Досега се приведени 17 лица, од кои голем дел малолетници.
Четворица се од Скопје кои се уапсени за кинење на македонското знаме. Двајца малолетници се уапсени за симнување и палење на знаме од јарбол. Три лица се уапсени во Прилеп, каде го сквернават албанското национално знаме. По протесна нота од српската Амбасада, во Куманово е лишено и лицето кое ја кршело таблата на конзулатот во градот.
Министерот Тошковски, рече дека ќе бара казни дури и за лицето кое го вози автомобилот од кој испаднаа повеќе лица за време на прославата на албанското знаме.
Тројца од приведените веќе се во притвор. Министерот уверува дека полицијата ќе одговори жестоко на секој обид за предизвикување на верска и национална омраза.
denesen.mk