На 06.02.2025 во 16.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода З.К.(54) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена темно кафеава грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања било утврдено дека е опиум со нето маса од 11 килограми. З.К. бил задржан во полициска станица, известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Related Posts
Шамбевски: Овие пари со кои се фали владата се мои (наши) ДКСК и ДИК сериозно да го разгледаат ова со сметкиве и да се произнесат оти ова сериозно наликува на предизборна корупција
Поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски остро го критикува додатокот на сметките за електрична енергија, на кои стои „субвенција од Владата на…
Мaлолетник приведен при обид за кражба во кумановската болница
– Малолетник од Куманово бил приведен при обид за кражба во кумановската болница, соопшти денеска полицијата. Тој претходно извршил кражба…
МКД: Кривичниот суд ја одби жалбата на Груби да му биде укинат притворот
Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на поранешниот вицепремиер Артан Груби со која бараше наместо да оди во притвор…