Денеска (25.03.2022), полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода T.М.(37) од село Василево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања амфетамин и марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и за настанот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Приведен дилер од струмичко, при претрес пронајдени амфетамин и марихуана
