Денеска (25.03.2025) околу 14.20 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци, во близина на манастирот Св.Никита во с. Горњани, сопрено е патничко моторно возило “венто” со скопски регистерски ознаки, управувано од И.С. од с. Блаце, скопско.
При извршениот преглед во возилото, констатирано е дека е натоварено со огревни дрва, без соодветна документација.
И. С. е приведен согласно член 104 став 11 од Законот за шумите и спроведен во ПО Мирковци за понатамошна постапка. Известена е Шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.