Приведен криминалец од Турција баран со меѓународна потерница

На 06.05.2022 во 11.00 часот на подрачје на Бит пазар, полициски службеници од Единица за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Чаир го лишиле од слобода А.А.(59) од Република Турција. Тој бил баран по меѓународна потерница издадена од Интерпол Анкара. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка.