На 24.12.2024 во 00.50 часот во близина на локален пат Гевгелија – с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Д.Г.(19) од с.Будинарци, беровско. Претходно, во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници забележале дека во возилото „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, кое Д.Г. го управувал, влегуваат повеќе лица мигранти. Д.Г. го запрел возилото и се обидел да побегне, но набргу бил пронајден и лишен од слобода, а при преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои осум од Република Турција и двајца од Ирак. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против Д.Г., а мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.
Related Posts
Жена претепана пред соседите во Аеродром од страна на љубовникот
36-годишна жена е брутално претепана дента на 8ми март во скопската општина Аеродром од страна на нејзиниот љубовник. Тепањето се…
Се трага по 34-годишен прилепчанец
Семејството на Лазе Ристески, лице со посебни потреби, бара помош за неговото пронаоѓање. Како што пренесувалокалниот портал „Маркукуле“, Ристески го…
Спасовски во Амбасадата во Тирана се сретна со претставници на македонски друштва во Албанија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го искористи работниот престој во Тирана, каде учествуваше на двете пленарни сесии предвидени за…