Приведен Охриѓанец – во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга и се однесувал агресивно кон полициски службеници

На 26.01.2023 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 53 годишен жител од Охрид затоа што претходно во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид