Приведен разбојник во Битола, спроведен за издржување на затворска казна

Денеска на улицата „Караорман” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 27-годишниот Е.А. од Кичево, извести МВР.

– Тој се барал по наредба од Основен суд Кичево за издржување на казна затвор за извршено кривично дело „разбојништво“, казниво по чл.237 од Кривичниот законик, кое го сторил во текот на 2022 година, соопшти МВР.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на затворската казна.

 

kurir.mk