Приведен скопјанец – влегол во дуќанот каде што работела сопругата, скршил дел од инвентарот па го зел и дневниот промет

Вчера во 09.00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(42) од Скопје поради тоа што на 23.03.2024 на подрачјето на Карпош и упатувал закани на неговата 38-годишна сопруга и насилно влегол во продажно место каде работела, каде скршил дел од инвентарот, а потоа го одзел дневниот промет од касата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.