Вчера во 18.20 часот на улица „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.А.(46) од Тетово.
Претходно, тој бил пријавен од Џ.С.(21) дека во угостителски објект на истата улица ја вознемирувал неа и нејзини пријателки, снимајќи ги со мобилен телефон.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
фото:Clipchamp