Во 12.55 часот, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 42-годишната тетовка П.С..
Таа била затекната при обид да изврши кражба на паричник на 54-годишна тетовка во една од собите на тетовската Клиничка болница.
П.С. била задржана во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.