На 30.03.2025 во 01.50 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода М.Р.(35) од Делчево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.