Во тек е снимањето на шестата сезона на популарната серија на Нетфликс „Круната“, а сега се појавија и првите заеднички фотографии на актерите Елизабет Дебики и Калид Абдала, кои ги играат принцезата Дијана и нејзиниот љубовник Доди Ал Фаед.
Тие беа снимени како пресоздаваат сцени од нивниот одмор на југот на Франција во јули 1997 година, на кој Дијана ги однесе своите синови Хари и Вилијам, а ексклузивни фотографии од сетот објави Дејли Мејл.
Елизабет и Калид неодоливо личат на Дијана и Доди на фотографиите, а тешко е да се поверува дека тие всушност не се тие, додека Руф Кампа и Вил Пауел верно ги отелотворија тогаш се уште малолетните принцови Вилијам и Хари.
Сцените се снимени во Мајорка, Шпанија, додека тие всушност биле на одмор во Сен Тропе, уживајќи на мегајахтата на таткото на Доди, Мохамед Ал Фајед.
Само еден месец по овој одмор, Дијана и Доди го загубија животот во трагична сообраќајна несреќа во тунел во Париз.
Шестата сезона од серијата „The Crown“ во која ќе ги гледаме овие сцени ќе излезе следната година, додека петтата сезона ќе пристигне на Нетфликс оваа есен.
showbizz.hr