Превозниците кои вршат патнички товарен транспорт и од Министерството за транспорт и врски имаат сертификат за професионален возач може да извадат патна исправа приоритетно и по редовна цена. Владата на седница попладнево ја усвои информацијата на Министерството која, всушност, е иницијатива на здруженијата на транспортери кои на средба со министерот Благој Бочварски во петокот во Штип побараа да се забрза процесот за добивање пасоши за нивните членови.
Превозниците кои вршат патнички товарен транспорт и од Министерството за транспорт и врски имаат сертификат за професионален возач може да извадат патна исправа приоритетно и по редовна цена.
Министерот Бочварски во изјава за МИА соопшти дека Владата на седница го задолжила Министерството за внатрешни работи кое веќе утре од Министерството за транспорт и врски ќе го добие списокот на возачи со сертификат кои немаат патна исправа. Здруженијата на транспортери, рече Бочварски, до нив доставиле список со 120 возачи – дел од нив веќе се во постапка за издавање пасош, а дел треба да ја почнат постапката.
МИА