Притвор за двајца браќа што до кома претепаа дечко поради кавга околу сообраќајот

Основното јавно обвинителство Скoпje соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка двајца браќа на возраст од 39 и 42 години.

Од Обвинителството велат дека постапката е почната поради основано сомнение за сторено кривично дело – тешка телесна повреда по член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 12 август, двајцата осомничени со умисла тешко телесно повредиле едно лице и го довеле во опасност неговиот живот. Заради недоразбирање во сообраќајот во однос на брзината на движење на автомобилите, осомничените физички се пресметале со оштетениот, удирајќи го со клоци и тупаници. Мајката на оштетениот и еден случаен минувач се обиделе да ги оттргнат и да ги спречат во намерата. Но, тие му нанеле тешки телесни повреди опасни по неговиот живот, па оштетениот во коматозна состојба, несвесен и неконтактибилен бил префрлен на болничко лекување, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да го повторат кривичното дело и околности кои што го оправдуваат стравот дека ќе влијаат врз сведоците, соопштија од ОЈО Скопје.

извор: Обвинителство