Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај побара итно членство на Косово во НАТО, како и САД да воспостават постојана база на американски сили таму.
Мехај ги повика и членките на НАТО кои не ја признаваат прогласената независност на Косово да го сторат тоа.
Тој тврди дека формирањето на американската база е неопходно за да се гарантира мирот, безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и пошироко.
Повикот за забрзување на процесот за членство во НАТО, Мехај го објасни со новата реалност по руската операција во Украина и нејзиниот, како што наведе, одраз во општото безбедносно опкружување на Западен Балкан, Европа и светот.
„Им велам на нашите сојузници и земјите-членки на НАТО кои се двоумат дали да ја признаат независноста на Косово да не се двоумат повеќе“, напиша Мехај на Фејсбук.
извор/фото: агенции