Надзорните камери го снимија моментот кога момче за време на земјотресот панично скокна од третиот кат на зграда во турскиот град Болу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди турската област Дузџе, а земјотресот е почувствуван и во соседната област Болу.
Моментот на земјотресот и паничното истрчување на граѓаните на улиците се забележани и на една од надзорните камери во Болу.
На видеото се гледа како 28-годишниот Чагдаш Лачин паѓа на тротоарот откако скока од третиот кат на зградата.
Лачин е пренесен во болница со две скршеници на раката, а по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
извор:Агенција Анадолија (АА).