При контрола на АХВ одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото. Пртитоа пронашле 34 пакети со т.н. флипс прооизводи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено е дека пронајдените производи се со поминат рок по што, како небезбедени, биле одземени од инспекциските служби на АХВ.

Како што информира АХВ, производите биле набавени од различни магацини и се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари, како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје.

-Сторителот е казнет со парична казна од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи, наведува АХВ.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување мерки за сузбивање на нелегална трговија со храна, за која може да пријават и граѓаните на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, електронска на [email protected], или лично во Агенцијата.

 

 

4news.mk