Продуцентот Иво Антов на социјалните мрежи објави статус во кој ја опишува случајната средба која ја имал со премиерот Христијан Мицкоски.
-Го видов премиерот, на бербер, се шишаше пред мене. Еден дечко со него, пред берберница, дискретен, мислев муштерија е, тој да ти бил обезбедување. Човекот стана, се поздравивме, ми посака убав ден. Пријатно се изненадив. Вие како сте?, пишува Антов на „X“.