Денес (сабота 22 март) во Македонија полека облачноста ќе се зголемува, но останува и понатаму топло со пролетни температури на воздухот. Ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер, кој особено во Повардрието попладне повремено ќе засилува на интензитет.
Исто така попладне ќе има услови за локален слаб дожд.
И во Скопскиот регион денес полека облачноста ќе се зголемува, а повремено ќе започне да засилува и ветерот од југоисточен правец.
На Метеоролошката карта можете да ги погледнете очекуваните максимални температури за денешниот ден во нашата Република Македонија. Тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.