Промовирано ново тело за борба против корупцијата

Во македонската влада денеска се одржа конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата.

Станува збор за ново тело, кое треба да воспостави координација помеѓу сите клучни институции: Државната комисија за спречување на корупција, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Министерството за правда, Министерството за финансии и други.

„Ова тело мора да биде местото каде што информациите се споделуваат навремено. Каде што никој не премолчува. Каде што се преземаат иницијативи, се следат случаи и се бараат резултати. Јас лично, како претседател на Владата, ќе бидам дел од секој извештај, секоја средба, секоја проценка. Ќе бидам најгласниот поддржувач на ова тело, но и негов најголем критичар, ако не дава резултати, се разбира“, изјави Мицкоски.

 

 

 

slobodnaevropa.mk