На 16.10.2024 во 14.30 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Ф.С(21) и О.Ч.Д.(19), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. При контрола во возилото „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.С., биле пронајдени пет лица мигранти од Ирак, од кои едно женско лице и еден малолетник. Додека, при преглед во возилото „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал О.Ч.Д., биле пронајдени четири лица мигранти, од кои еден малолетник. Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
Пецаков: Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 30.04.2024 година ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“
Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата предвидена е и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“,…
Канал 5: Уште седум министерства ќе се приклучат на штрајкот на државното правобранителство
Одлуката за протести „падна“ на денешниот состанок на УПОЗ со синдикалната организација на министерствата. Првиот човек на УПОЗ, Трпе Деаноски…
Екстремниот студ полека ќе попушта оваа недела, најава за нови снежни врнежи до крајот на Јануари
Според последните ажурирања на нумеричките модели, до самиот крај на овој месец не очекуваме нови обилни врнежи од снег, а…