На 05.01.2025 околу 19.30 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода А.И.(20) од с.Огњанци, скопско и малолетник од с.Палатица, општина Желино, затоа што во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија. Претходно, полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото, а по преземени мерки возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.
Related Posts
Мицкоски: Буџетот ќе се наполни ако власта не краде, не со поголема акциза
Држава сме со највисока стапка на инфлација на Балканот, нема повисока од нас. Инфлацијата е стандардот на граѓаните. Некој навреме…
Маж на возраст од околу 60 години во парк во Ѓорче допирал малолетнички и им нудел алкохол
На 24.05.2023 околу 16:15 часот во Полициска станица Ѓорче Петров е пријавено дека околу 15:00 часот во парк на подрачјето…
Пецаков: За прв пат изработени енергетски сертификати за објектите на образовните институции, детската градинка и општинската зграда кои се во надлежност на општината
Општина Охрид за првпат изработи енергетски сертификати за објектите на образовните институции, детската градинка и општинската зграда кои се во…