Продолжуваат операциите во Вашингтон за извлекување на посмртните останки на жртвите по судирот на патнички авион на „Американ ерлајнс“ и воен хеликоптер во средата навечер. Во несреќата загинаа 67 лица, а, како што изјави официјален претставник за новинската агенција Асошиејтед прес, досега се пронајдени телата на повеќе од 40 жртви.
Спасувачите ги пронашле таканаречените „црни кутии“ од авионот кој се распаднал на неколку делови по судирот со хеликоптерот кои по тоа се урна во реката Потомак во близина на националниот аеродром „Роналд Реган“. Нуркачите планираат да го извлечат делови од авионот во реката и трагаат по дополнителни компоненти на авионот.
Националниот одбор за безбедност на транспортот соопшти дека ќе собира информации од црната кутија, рекордерот на податоци за летот, за да најдат дополнителни информации за причината за несреќата.
slobodnaevropa.mk