Синоќа (05/06.03.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 18 ноќни клубови и останати угостителски објекти во Скопје. При тоа, во еден ноќен клуб е пронајден кокаин кај Н.Г. (19) и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон 16 објекти, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, неевидентиран промет, а дел од објектите воопшто немале регистрирано правно лице. Од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се санкции за осум објекти, а два објекта се запечатени. Исто така од страна на МВР ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во два ноќни клуба се затекнати малолетници по 24 часот Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.
Related Posts
(ВИДЕО) Невреме со налети од силен ветар во Хрватска, избегната несреќа за малку со брод на „Јадролинија“
Поради невреме, со налети на места и до 130 километри на час, во делови од Хрватска на сила е црвен…
Филипче и Меџити ќе бидат сослушани пред Анкетната комисија за скандалот со Онкологија
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити денеска ќе бидат сослушани пред Анектната комисија за скандалот…
Доцнат платите за вработените во ЈСП, Скопје повторно без градски превоз
Неполн месец откако главниот град минатиот месец беше отсечен од јавниот градски превоз на еден ден, на повидок е нов…