Професорот од Филозофски факултет, д-р Владимир Трајковски, јавно на социјалната мрежа „Фејсбук“, им испрати порака на своите студенти, дека не сака да види назив Северна во нивните индекси, бидејќи ако го видел тоа, како што наведува ќе имале една оцена пониско уште во старт.
Драги студенти, последипломци, докторанди,
Сите вие што сте родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање треба да ставате исклучиво само Македонија и ништо друго. Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам. Таму не ви пишува држава на живеење, а дури и тоа да ви пишува, не мора да бидете толку политички коректни. Ви укажувам на прва страница на индекс таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско. Или можеби грешам ние имаме пет годишни деца на студии, откога некои политиканти на сила и со манипулации го прифатија пежоративното име. Берете ум во глава!, се наведува во објавата на професор Трајковски.