Путин ги ратификува договорите за припојување на четирите украински региони кон Русија

Рускиот претседател Владимир Путин ги ратификува договорите за примање на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон во составот на Руската Федерација, јавува Агенција Анадолија (АА).

Рускиот Парламент вчера ги одобри договорите за припојување на четирите украински региони, а утрово Путин го потпиша законот за вклучување на тие области во Руската Федерација.

Путин минатиот петок потпиша договор со сепаратистичките власти на отцепените украински региони за припојување кон Русија, акт на кој му претходеа референдумите одржани од 23 до 27 септември.

Референдумите беа осудени од меѓународната заедница, а европските земји и САД ги нарекоа нелегални и неприфатливи.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека одлуката на Путин за анексија на четирите региони е невалидна и нема правна основа.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).