Овој светол празник им е драг на милиони луѓе ширум светот, на верниците им дава радост и надеж, инспирира добри мисли и дела, се вели во честитката на Владимир Путин, претседателот на Русија.
Путин, како што објави руската Амбасада во Република Македонија, присуствувал на богослужбата во црквата Св. Георгој Победоносец во Москва.
– Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на Божик присуствуваше на богослужба во црквата Великомаченик Георгиј Победоносец во меморијалниот комплекс „Поклонаја гора“ во Москва. Подоцна шефот на државата пристигна во катедралата Христос Спасител и му го честиташе празникот на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, соопшти Амбасадата.
Амбасадата објавува дел од честитката на Путин до православните христијани и до сите граѓани на Русија кои го слават Рождеството Христово:
– Овој светол, долгоочекуван празник им е драг на милиони луѓе ширум светот. На верниците им дава радост и надеж, инспирира добри мисли и дела, се наведува во честитката.
denesen.mk