Претседателот Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на папата Франциско, јавуваат медиумите повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Претседателот нема такви планови“, изјави Песков за новинарите, според агенцијата, додавајќи дека сè уште не е донесена одлука за тоа кој ќе ја претставува Русија на испраќањето во Ватикан.
Путин последен пат го посети папата Франциско во Ватикан во јули 2019 година.
Телото на папата Франциско ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар во среда наутро во 9 часот, соопшти Ватикан.
4news.mk