Путин побара целосен список на земји кои воведоа санкции кон Русија

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да состави и во рок од два дена да достави список на земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација. Ова важи и за компании, организации и поединци, според указот на шефот на државата.

„Владата на Руската Федерација во рок од два дена да направи список на странски земји кои вршат непријателски дејствија против Руската Федерација, руските правни и физички лица“, се вели во соопштението.

 

МИА