Путин: „Тие не ни дадоа шанса да постапиме поинаку“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со претставници на економијата поради ескалацијата на ситуацијата со Украина и санкциите воведени кон Русија.

Тој по средбата рече дека ова што се случува е неопходна мерка.

„Тие не ни дадоа шанса да постапиме поинаку“, рече Путин

Додаде дека Москва добро ги анализирала сите санкции воведени кон Русија.

„Русија се подготви за сегашната ситуација“, рече Путин и истакна дека „Русија останува дел од глобалната економија“.