На многу градилишта низ Македонија сè почесто се забележуваат сериозни прекршувања на основните стандарди за безбедност и здравје при работа. Фотографијата направена денес на едно градилиште покажува работник кој работи на опасна висина, целосно незаштитен – без шлем, без сигурносен појас, без соодветна работна облека. Околу него – арматура и нестабилни дрвени скелиња.
Ваквите сцени не се исклучок, туку сè почеста појава. Голем број работници во градежниот сектор се принудени да извршуваат опасни задачи без никакви мерки на заштита. Дел од нив немаат ниту здравствено, ниту социјално осигурување. Преживувањето станува борба, а ризикот – секојдневие.