Работници во термоцентрала во Словенија украле речиси 100 тони бакар

Словенија, според пишувањето на Кликс, ја тресе голем скандал откако беше откриено дека вработени во словенечката термоцентрала Шоштањ подолго време краделе бакар од потрошените блокови 1, 2, 3 и 4.

Според неофицијални информации, ископани и продадени се околу 100 тони бакар, пишува словенечки Вечер.

Весникот наведува дека е јасно оти кражбата не можела да биде извршена од поединци, туку од организирана група вработени, бидејќи за пристап до блоковите било потребно одобрение од повеќе претпоставени.

Сфатија дека нешто не е во ред кога сакаа да го испумпаат отпадот од блок 4 и сфатија дека пумпата не работи бидејќи нема повеќе кабел, изјави неименуван сведок за Вечер.

Истрагата на полицијата е во тек, а словенечката полиција засега само потврди дека истражува една од фирмите на подрачјето поради сомнение дека сторила кривично дело голема кражба, за што е предвидена затворска казна до пет години.

 

republika.mk