Разладување – спас од жештината

Овој човек се разладува покрај фонтана во Букурешт, главниот град на Романија. Бранот на тропска жештина ја погодува цела Југоисточна Европа. Метеоролозите предвидуваат дека следната недела ќе биде уште потопло – дека температурите ќе растат и над 40 степени Целзиусови. Додека земјите на југот на Европа се борат со топлотни бранови и шумски пожари, на северот на континентот температурите се далеку под просекот, со значително повеќе дождови од нормалното.

 

DW