Разновидниот подводен свет на Црвеното Море снимен ноќе

Разновидниот подводен свет на Црвеното Море, кое се наоѓа меѓу континентите Африка и Азија, е снимен ноќе од подводниот снимател и продуцент на документарни филмови Тахсин Џејлан, јавува Анадолу.

Покрај стратешкото и историско значење, Црвеното Море со својата единствена разновидност привлекува внимание како уникатно место и за научниот свет и за нуркачкиот туризам.

Со ноќно нуркање, кое има посебно место во областа на нуркањето и бара искуство, може да се забележат разновидни риби и друг жив свет кои не може да се види при дневно нуркање.

Џејлан во неговите ноќни нуркања го документира подводниот свет во различни делови на Црвеното Море.

За време на нуркањето забележани се и отровните риби скорпид, рибата-лав, балон рибата, најтоксичната камена риба, мурената, рибата папагал како и огнениот корал.

извор: АНАДОЛИЈА