Разрешена директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ, на нејзино место назначен Фадил Цана

Инфективната клиника има нов директор, потврдуваат од Министерството за здравство за „Сител“, кој пренесува дека на местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ за нов директор е назначен д-р Фадил Цана, инфектолог на клиниката.

Засега нема официјални информации зошто е сменета Стевановиќ, кадар од редовите на СДСМ, која раководеше со клиниката седум години.

Цана е кадар од Алијанса за Албанците. Тој ја извршуваше функцијата претседател на УО на Фондот за здравство, а неговото име се споменуваше и за министеркото место.