Ракометарот Стоилов стана татко по втор пат

Ракометарот на „Вардар“ и македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов стана татко по вторпат. Неговата сопруга Деница на свет донела машко бебе, а убавата вест ја споделија од неговиот клуб каде допрва ќе се слави за приновата.

Тато Стојанче по пракса остана резервиран за откривање детали во јавноста, па како и секогаш тоа за него го направи некој друг.

Стоилов и неговата сопруга не се активни корисници на социјалните мрежи, така што за да видиме нешто повеќе за новородениот наследник, ќе почекаме.

За првото синче, фотографиите од тоа како го држи наследникот во раце ги објавија од приватната болница каде се породи неговата сакана.

 

 

press24.mk