Расте бројот на заразени со грип, регистрирани 11.614 случаи

Со почетокот на февруари, покрај новите почетоци и студените ветрови, доаѓа и сезоната на респираторни инфекции. Оваа година, граѓаните се соочуваат со таканаречена “квад-демија” – истовремено циркулирање на грип, КОВИД-19, респираторниот синцицијален вирус (РСВ) и норовирус, кој предизвикува гастроинтестинални проблеми. Дополнително, обичната настинка ги комплицира симптомите, правејќи ја дијагнозата уште потешка.

Симптомите на грип се слични на оние на другите респираторни инфекции, а единствениот сигурен начин да се потврди присуството на вирусот е преку тестирање.

Карактеристични симптоми на грип:

  • Кашлица
  • Умор
  • Треска или чувство на треска/зимница (не е задолжителна)
  • Главоболка
  • Болки во мускулите или телото
  • Течење или запушен нос
  • Болка во грлото
  • Повраќање и дијареја (почесто кај деца)

Кога е неопходно итно медицинско внимание?

Иако повеќето луѓе имаат полесни симптоми и се опоравуваат без лекови, грипот може да биде опасен, особено за постари лица, мали деца и хронично болни. CDC препорачува итна медицинска помош ако се забележат следниве симптоми:

Кај возрасни:

  • Отежнато дишење
  • Болка или притисок во градите или стомакот
  • Вртоглавица, конфузија, неможност за будење
  • Силна мускулна болка
  • Влошување на хронични болести

Кај деца:

  • Температура над 40°C која не се намалува
  • Сино лице или усни
  • Брзо или отежнато дишење
  • Суви уста, без солзи при плачење
  • Одбивање да одат поради болка во мускулите
  • Слаб контакт со околината

Лекување на грип

Доколку се заразите со грип, стручњаците препорачуваат да останете дома. Повеќето луѓе се опоравуваат без посебен третман, но одморот, хидратацијата и лековите без рецепт можат да помогнат во ублажување на симптомите.

Антивирусните лекови, можат да ја намалат тежината или траењето на симптомите. Овие лекови се најефикасни кога ќе се земат во првите еден до два дена од појавата на симптомите и се препорачуваат за лица со зголемен ризик од компликации, како што се бремени жени и лица со астма, срцеви заболувања или хронични белодробни проблеми. За било какви прашања или загрижености, обратете се кај вашиот лекар.