Проблемот со пасоши од ден на ден добива се поголеми размери. Граѓаните револтирани што се „заробени“ и неможат да патуваат, како што велат трпат притисоци, чекаат редови за да се сликаат, потоа чекаат долг период за да си ги подигнат пасошите, но има и такви кои се жалат и на дополнителни проблеми.
-Северџанија деновиве….губиш ден, се сликаш итно за Пасош, минуваш низ голгота, се пцуеш со блиски и туѓинци….и конечно, ти закажуваат термин за подигање пасош…доаѓаш на термин, губиш цел ден, го земаш пасошот ииии….ти ставиле туѓа слика во твојот пасош !!
Охх, Универзуме, кому згрешивме !, се вели во објава на социјалните мрежи.
Секако интересно е да се прочитаат и коментарите под објавата каде други граѓани се жалат на погрешно напишани име или презиме, па целата постапка мора да ја повторат.
извор: ФБ Igor Smilev