Утрово земјотрес беше почувствуван во Сплит и централна Далмација. Според сведоци на социјалните мрежи, земјотресот бил краток, но силно почувствуван. Велат, многумина ги разбудил од сон.
Сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во средата во 6 часот и 31 минути забележаа умерен земјотрес со епицентар во близина на островот Чиово, три километри јужно од Трогир, се наведува. Земјотресот бил со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил IV степен ЕМС, соопшти Сеизмолошката служба на Република Хрватскa.
Index.hr